Се печат 3 кори
8 белки убаво се матат во цврст снег. Се додава 200гр шеќер и се мати додека се добие цврста стаклеста маса. Кон изматените белки се додава 200гр ореви мелени, 4лажици брашно и 1 пециво. Се меша полека со дрвена лажица, се сипе на хартија во плех и се пече околу 35 минути на 170степени.
фил 1
Млекото се загрева со шеќерот и какаото па се додава разматениот пудинг и се вари крем. Кон оладениот крем се додава изматениот маргарин со шеќер во прав и жолчките и се мати додека се добие убав мазен крем.
фил 2
Вишните се ставаат со шеќерот да зовријат, а потоа се додава разматениот густин и се вари крем. Во зависност од тоа колку сок ќе пуштат вишните густинот може да се намали или зголеми. Одкако ќе се подизлади се додава и румот.
На подлога се става една кора се премачкува со крем, се става филот од вишни, па чоколадниот крем. Се повторува исто и со другите две кори.
Убаво е да се внимава дебелината на филот да е иста на секоја кора. Одозгора се декорира по желба или потреба. Кај мене беше роденденска за прекрасниот Матеј и така и тортата си го доби името.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани