Рузмаринот и мајчината душица измијте ги под млаз ладна вода и оставете ги убаво (!) да се исушат.
Во чисто и суво шише ставете го биберот, лукот и зачините, па налејте го и маслото. Затворете го убаво шишето и ставете го на светло место да отстои 2-3 недели. Повремено (секој втор, трет ден) протресете го шишето.

Маслото е одлично за маринирање на месо или за салати.

Кога нивото на маслото ќе дојде под рузмаринот или мајчината душица, отстранете ги истите од маслото, бидејќи може брзо да ви фатат мувла.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани