Еве ме повторно со мојата љубов- мафини на 101 начин.
Денес прекрасен спој на маскарпоне, вишни, црни сливи...
Пробајте ги!

Во еден сад ги ставаме јајцата и ги матиме заедно со шеќерот, се додека истиот не се истопи.
Со исклучен миксер ги додаваме омекнатиот путер, млекото, маскарпонето.
Со жица убаво ги соединуваме состојките.
додаваме брашно, сол, пециво, сода, па ситно сецканите сливи и вишни.
Промешуваме, соединуваме.
Со оваа смеса се полнат алуминиумски корпи по 2/3 од смесата.
Ги печиме околу 20 минути на 190 с.
Ги вадиме на кујнска решетка да се изладат.
Ги декорираме со мрежа од растопено чоколадо.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани