- Се печат на суво во тава семките од сончоглед
- Се сече половина од калинка и се вадат семките,
- Излупениот портокал се сече на кришки
- Исечете кромидот
Измиената и исцедена марула се дроби или искинете со рака на парчиња во големина која ја сакате вие, ставете во тањирот, посолете по ваш вкус, ставете бибер. Не ја мешајте. Врз марулата наредете кришките од портокалот, кромидот,посипете со семките од калинката и сончогледот.
Залијте со преливот пред самото служење.
Прелив
- Измешајте сок од половина портокал и половина калинка, додадете масло. Ставете и малку бибер.
Напомена
- Ако е помал портокалот јас го ставам во салата целиот и од друг го цедам сокот, а доколку е поголем и доволно сочен, тогаш користете половина од истиот и за во самата салата и за преливот. Сепак ќе кажам дека сами ке ја дотерате на вкус салатата додавајки повеќе или помалку сок. Оцетот овде го заменува сокот од калинката кој заедно со портокалот ја прави магијата на оваа салата.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани