Многу вкусен мармалад од црни сливи кој чоколадото го прави уште повкусен и неодолив.
- Црните сливи се мијат убаво, се чистат од коските, се сечкаат на пола и се ставаат во пекач.
- Врз нив се посипува шеќерот, ванилиниот шеќер и малку лимонтус, се меша убаво со дрвена лажица и се остава да се стопи шеќерот и сливите да пуштат сок.
- Се става во рерна и се пушта на 200 степени, се остава така околу 1 час.
- Потоа пекачот се вади од рерната, се остава малку да се излади и многу внимателно се пасира со рачен пасатор, потоа пак се враќа уште некое време во рерна да се подзгусти.
- Пред половина час пред мармаладот да е готов, се става чоколадото кое се меша да се стопи рамномерно.
- Се собира во тегли на стандарден начин или пак изладен се собира во пластични садови и се замрзнува.

Забелешка
Чоколадото го ставам да е посно бидејќи овој мармалад го користам и во време на пости, а секако може да се стави чоколадо по избор, но битно е да биде квалитетно.
Доколку ви е позгодно, сливите може да се измелат и пред почетокот на варењето, останатото е исто.
Количината на шеќер ако не ви е благо по ваш вкус, зголемете ја.
И благодарам на Лиле од Битола за идејата за чоколадото во мармаладот, сите препораки и совети кои ми ги има кажано се убави и практични ...

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани