Сливите се мијат, чистат од коските, се мелат на машина за мелење месо.

Се ставаат во шерпата и се преливаат со киселината.

Се варат на силен оган, со повеќе мешање. Вкупното време е отпрлика 40-45 мин..

Кога е на половина од времето на варење се додава шеќерот.

При крај ванилите и румчето.
(Ја тестираме густината на крај.)

Се собира жешко во жешки стерилни тегли.
Се завиткува во старо ќебе додека излади. Кога ги полнам теглите, одма по затворањето со капаците, кратко време ги оставам превртени теглите наопаку.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани