Праските ги дробиме ситно или со сецко ги сечеме.
Потоа врз нив ги ставаме шеќерот, лимонтусот и ванилниот шеќер.
Така стои 60 мин. со повремено мешање.

Потоа ги ставаме во рерна на 200 степена 40 мин. да се печат.
* Доколку не ви се праските исечкани во сецко, изблендирајте ги или сомелете ги.

Собираме во теглички или доколку сакате да го замрзнете почекајте да се олади и соберете го во канчиња/тегла. Изборот е ваш.

Уживајте во слаткиот вкус.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови