1. Белките се матат во цврст снег со постепено додавање на шеќерот и ванилите.
2. Сите останати состојки за тесто се мешаат во сад на страна, па се додаваат во снегот од белки.
3. Вака приготвената смеса се дели во две тави за печење обложени со пек хартија со иста форма и големина (26 или 28) и секоја се пече 10 до 15 минути во загреана рерна на 180 степени, додека не порумени и не се оддели од краевите на тавата.
4. 500 мл. од млекото се меша со шеќерот и се става во сад на тивок оган да зоврие.
5. Во меѓувреме, жолчките, 300 мл. млеко и пудинзите се матат убаво во блендер или во сад со миксер и така подготвена смесата се додава во млекото кое врие.
6. Мешаме додека не добиеме густ пудинг.
7. Тргаме на страна и во пудингот го додаваме чоколадото искршено на коцки.
8. Мешаме додека чоколадото не ни се истопи во пудингот.
9. Оставаме малку да се излади пудингот, дваесетина минути, па го додаваме и омекнатиот путер и убаво матиме со миксер за да добиеме хомогена смеса.
10. Филот го делиме на два дела, испечените и изладени пандишпани ги филуваме – пандишпан – фил, пандишпан фил.
11. Вториот дел од филот нека биде поголем ако сакате да ја премачкате со него целата торта.
12. Декорирајте ја тортата по ваша желба.
13. На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови