- Месото изимијте го и ставете во садот со зачините. Додадете го исечениот кромид, морковот, целерот, прелијте со оцетот и виното и оставете да одлежи во фрижидер 1-4 дена (свежото место пожелно е да одлежи 4 дена во маринадата)
Потоа исцедете го добро, посолете.

Ставете го месото во сад со загреан зејтин и подпечете додека не добие убава темна боја. Извадете го печењето.
- Во касеролата подпржете го брашното, долијте ја маринадата заедно со зачинките, оставете да проврие. Залијте го месото со провриениот сос и оставете во рерната да се пече поклопено на 180 степени околу 1-2 часа.
Нека ви е слатко!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани