- Во сад ставете да зоврие вода. Количината е колку да ја наполните после теглата, значи нема мерка за неа.
- На дното од теглата ставете го лукчето, биберот, синапот и ливче од рен и вишна. Наполнете ја теглата со домати водејки сметка како ги редите за да соберете повеќе. Залијте ги со врелата вода, покријте и нека одстои така околу 20 мин.
Потоа исцедете ја во садот водата од теглата, ставете ја повторно да зоврие. Во теглата сега додадете ги солта и шеќерот, залијте ги со зовриената вода, но не полна затоа што треба да оставите место за оцетот кој ќе се стави откако се залиени со врелата вода. Значи додадете го и оцетот, затворете убаво теглата со капачката, свртете со капачката надолу и замотајте ја убаво оставајки ја до нејзино потполно оладување.
Толку... Лесен и брз рецепт.
Напомена
- Зачините кои ќе ги ставете можете да си ги направите по сопствен избор. Јас имам рен и затоа ставив еден лист во теглата, додадов и лист од целер, синапот ми е обавезен во ваквите туршии, биберот исто така. Останатото како сакате вие - така. Листот од вишна го ставив бидејки знаеме кое својство во туршиите го има.
- Од овие доматчиња или шери доматите за тегли од по 800 мл. потребно е 1 кгр. , а доколку се одлучите да ги спремате и истите се покрупни. Мој совет ви е да ставите во поголема тегла за да ви се соберат повеќе домати,

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани