- Во посебни садови сварете го гравот со морковот, исецканиот на коцки компир и зелка.
- Во тенџере на загреано масло ставете да се пржи кромидот и брашното, нека се заедно пржат.
Кога кромидот ќе добие по самите рабови кафенкаста боја, залијте со вода и оставете нека проврие. Откако ќе проврие додадете ја сварената зелка, компирот и гравот со морковот. Оставете нека провре. За густината сами ќе одредите. Ако сметате дека ви е прегусто долијте топла вода и пак нека проврие.
На самиот крај додадете го пирето од домати заедно со испасираниот или пак ситно исецкан лук. Откако проврие колку да се спојат повторно сите вкусови, тргнете, посипете со магдонос.
- Осолете и додадете бибер според ваш вкус.
Напомена
- Во запршката долевата вода според вашата сакана густина,  јас додадов околу 1 л. вода.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани