Вкусна, едноставна, лесна за конзумација е целосниот опис за овај мој десерт.

Најпрво го припремаме калапот за печење торти бр.30.премачкан со маснотија и брашно или пак хартија за печење, сосема небитно..кој како практикува.
Количините во состојки за кори се за една кора, се припремаат 2 исти кори со таа разлика што во едната ставив една лажичка какао. Се матат јајцата со шеќерот се става врелата вода, се додава брашното со печиво и какао и најпосле мелениот орев.
Се излева во калапот за торти и се печи во претходно загреана рерна.
Постапката се повторува исто со другата кора.

Џусот (1/4 од целокупната течност) и пудингот се мешаат, се додаваат во преостанатиот сок кој се грее на оган и се вари пудинг. Се додава шеќерот и на крај се ставаат и малините.
Топол овошен пудинг се истура врз кората, која стои во калапот за торти со обрач.

На страна се бие слатката павлака, се става лажица нутела, се премачкува врз изладен пудинг.
Над него се става втората кора и се прекрива целата торта. Најгоре се полева со топено чоколадо на тивок оган во кое додаваме 2 лажици течна слатка павлака.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови