Традиционалното гвакамоле во македонска верзија =) Гвакамолето го обожаваме дома, со пита леб или пченкарен чипс, превкусно. Па решив да пробам да направам македонска верзија =)
Плус и посно, а ако го изоставите маслото погодно и за строг пост.
Се надевам ќе ви се допадне.

1. Модрите патлиџани ги миеме, сечеме на половина и ставаме во рерна да се испечат. Моите немаше потреба да ги ставам да се задушат, многу лесно се излупија. Испасирајте ги со вилушка и ставете ги во сад на страна.

2. Кромидот и доматот исецкајте ги на ситни коцкички, а лукчето со прстофат сол истолчете го до паста. Додадете во садот со модрите патлиџани, додадете го сокот од лимон, маслото, сол и бибер по вкус и сецканиот магдонос. Промешајте убаво да се спојат состојките и ставете во фрижидер барем 1 час да се спојат вкусовите.

3. Послужете како додаток кон ручекот или со сиренце и топло лепче и уживајте.

Пријатен апетит =)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани