- Кромидот се сечка ситно, се става малку вода, сол и масло, се пржи да испари водата и да застакли кромидот.
- Се става лукчето, по кратко време и доматите претходно измиените, излупени и ситно исечкани.
- Се динста да подиспари водата, се додава мешан сув зачин и малку црн пипер, се пржи уште малку и се додава црвениот пипер.
- По неколку минути се става густинот измешан со малку ладна вода.
- Кога ќе се згустат доматите од густинот, се става млаката вода, а штом таа зоврие се тураат макароните. Кога макароните ќе се сварат, манџата е готова.
Ако макароните се посни, тогаш имате вкусен посен ручек.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани