1. Кромидот ситно се сече и се динста на тивок оган со додавање на маслиново масло.
2. Печурките претходно исечени се додаваат на заруменетиот кромид и заедно се допржуваат.
3. Во кромидот и печурките се додаваат и маслинките, убаво се промешува да се соедини.
4. Откако ќе се запржат сите состојки се додава доматното пире и малку вода, се остава да динста додека не испари водата.
5. При крајот се додават зачините и убаво се промешува.
- Може да се користи и како сос за тестенини

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови