Ставете ги компирите и пиперките да се сварат. Уште топли пиперките одвојте ги од лушпите. Ако тоа не ви оди солидно, тогаш резервна опција, но не и традиционална, е да ги изблендирате.
Топлите компири излупете ги и испасирајте ги во пире. Кој сака не мора да е целосно фино пасирано, ами и некое мало зрно компир можи да се познава, особено ако се решите и сувите пиперки да ги толчите заедно со компирите наместо предходно да ги изблендирате. Потоа се додава толчен лукот, или ако блендирате, тогаш ставете го во пиперките, киселината, маслото и дел од водата во која се вареа за да ја изрегулирате онаа густина која ја посакувате. На крај посолете.

Ова е стар традиционален македонски рецепт, кој секако нашите предци го правеле „од око“, па така, соодносто на намирниците, особено компири со суви пиперки можи да варира спрема желбата и вкусот на конзументите, секако и останатите додатоци.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови