Макало од старо време, подготвено на модерен начин. Кога ќе се изблендира убаво, добивате не само макало туку е одлично и како прелив за салати. Вода додадете според тоа колку течно сакате да ви биде.
1. Компирите и сувите пиперки измијте ги и сварете ги.
2. Потоа исечете ги на помали парчиња. Исечете го и лукчето.
3. Ставете ги во Нутрибулет/блендер и посолете.
4. Налејте ја водата во саканата количина и изблендирајте.
5. Вжештете го маслото, блендираната смеса префрлете ја во длабока чинија, додадете го маслото, добро промешајте и ТОЛКУ!
6. На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови