Превкусно зимско макало, кај кое ако се исклучи сирењето може да биде и посно.
Прво црниот домат и зелените пиперки ги печиме, ги оставаме кратко во кеса, па ги лупиме и ги оставаме во цедалка да им излезе вишокот на течност.
Во една касерола ги вариме измиените компири и лутите везени пиперки.
Кога се готови убаво ги чистиме пиперките од месото и ги лупиме компирите.
Мене цела работа ми ја заврши Нутрибулетот за помалку од една минута.
Сите состојки ги ставив и процесирав многу кратко.
Добив одчличен, мазен намаз.
До колку немате нутрибулет и стапчест миксер ќе заврши работа, или едноставно истолчете ги сите состојки во аван и послужете.
Препечено лепче, намаз иуживање, а одлично може да оди и со добра домашна ракија.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани