Можеби најдоброто време за подготовка на оваа лимонада е летото, но не е лошо да се има во предвид и сега.
Кога душата ви бара освежување, ова е правиот рецепт.
Сте слушнале за личи? Јас прв пат се сретнав со него овде, во далечинава...
За тој што не слушнал, тоа е тропско овошје со тврда коричка.
Под коричката се крие преубав плод.
Пробувајќи многу работи со него, ја вкусив и оваа прекрасна лимонада.
Еве како си ја подготвив.
Во сад за коктели или пак нутрибулет, ставаме мраз и полеваме сок од лимета.
Дополнуваме со личи кои претходно ги извадивме семките.
Додаваме шеќер и го вклучуваме апаратот.
Добиваме густа бела лимонада. Ги полниме чашите за лимонада и декорираме со ливчиња мента, лимета и личи.
Од цела постапка јас не го додадов само шеќерот.
На децата им ставив мед, а јас го конзумирав така без ништо.
За мене ова е најосвежителниот пијалок кој сум го вкусила.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови