Ако имате сеуште залихи со замрзнато овошје како што се боровинките, може да си направите ваква посна варијанта на слатка пита со кори.

Подготовка
1. Јаболката ги лупиме и рендаме. Во нив ставаме 2-3 лажички шеќер и цимет.
2. Лебните трошки, шеќерот и сусамот ги промешуваме во едно тањирче.
3. Редиме кора па попрскуваме масло, ставаме од мешавината со лебни трошки. Редиме втора кора и исто ја премачкуваме.
4. Ја свиткуваме од една па од друга страна по должина односно по подолгата страна, на почетокот ставаме од ренданите јаболка и боровинки и ја виткаме кората во триаголник.
5. Ја ставаме на намрсено тавче. Продолжуваме и со другите кори исто така.
6. Ги печеме на 200 степени. Откако ќе се изладат ги посипуваме со шеќер во прав.

Забелешка
Корите ми беа со нишесте, па највероватно така добиле во тежина и имаше само 14-15 кори.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани