Прекрасни лиснати погачици со вкус на чварки. Ова е српски рецепт, од еден стар српски кувар, за кој одамна се спремав да ги пробам да ги направам и ете дојде денот. Одкако ги пробав, сега редовно ќе ги правам!

Подготовка
Квасецот се става во млако стоплено млеко, шеќер и лажица брашно и се остава на топло да се активира. Во меѓувреме, чварките ги мелеме во блендер или во машина за месо, на поситно. Тие се мешаат со брашното, се додава киселата павлака, активираниот квасец, 2 белки и 1 жолчка (другата жолчка е за премачкување), сол и бело вино. Се замесува средно меко тесто. Потоа се развлекува кора, се премачкува 1/3 од кората со маст или путер и се преклопува на 3 пати по должина, па уште 3 пати на ширина, како за лиснато тесто. Се остава тестото да одмори 20 мин, на ладно (во фрижидер). Потоа се развлекува кора и повторно се премачкува 1/3 од тестото со маст, се преклопува и одмара 10 мин. Постапката се повторува уште еднаш. На крај од тестото се развлекува кора, дебела околу 2 см и се сечат форми. Јас се одлучив за коцки, бидејќи така се употребува скоро цело тесто, со многу мали вишоци, кои секако ќе се искористат.
Формите се редат во тавче и се оставаат да одкиснат на топло, околу 20 мин. Се премачкуваат со жолчка и се наросуваат со ким.
Се печат на 200 степени, околу 20 мин.

*Ваков тип на тесто секогаш се замесува со бело вино! Белото вино и маснотијата одлично се надополнуваат заедно и даваат леснотија на самото тесто.
Слично се прават и салчици или салењаци, кои се подготвуваат со посебен вид на маст.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови