Прекрасно лиснато тесто, кое е многу привлечно и декоративно за на трпеза.

1. Стандардно, од наведените состојки се замесува тесто и се остава да кисне околу 1 час, односно додека да се дуплира смесата.
2. Тестото се става на набрашнета маса и се расукува во долга правоголна форма.
3. Се ренда на половина кора маргарин и се преклопува со другата половина кора. Повторно се ренда маргарин и се преклопува со половина од кората и уште еднаш се ренда маргарин на половина кора и се преклопува. Страниците се засекуваат со нож. Тестото се остава во замрзнувач 10-15 мин.
Ако работите во поладна просторија, може да се избегнат овие процедури со ставање во замрзнувач. Целта е тестото да ви остане ладно додека го работите.
4. Тестото повторно се расукува и сега само се преклопува. Преклопувајте како и предходниот пат со цел да добиете коцка. Засечете ги страниците и вратете во фрижидер. Постапката се повторува 3-4 пати, зависно колку сакате да ви е разлистано тестото.
5. На крај се расукува тенка правоаголна кора. Гледајте да ви биде што е можно порамномерно расукано, за да полесно извадите коцки. Исечете рамномерни коцки со големина од околу 4 прсти или 4х4см.
6. Во средина ставете полнење по избор. Јас ставив урда.
Двата споредни краеви се прилепуваат во средина, а потоа и двата други споредни краеви. Ќе добиете прекрасни мали пакетчиња.
7. Наредете ги во тава подмачкана со маргарин. Одозгора премачкајте со жолчка и наросете ги со сусам или сончоглед и со еден прстофат сол.
8. Се печат на 230 степени околу 15 мин, односно додека убаво да заруменат.
9. Тазе печените лиснати пакетчиња, се премачкуваат со масло, за убав сјај и да не се суши кората, како заштита.
На крај ќе добиете прекрасни крцкави лиснати пакетчиња, кои се декоративни, но и вкусни за на празничната трпеза.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови