- Во садот во кој ќе месите ставете го брашното, додадете ги сите суви состојки и измешајте. Ситно исецкајте го путерот кој е омекнат на собна температура и лесно сматените жолчки. Месете се додека не стане компактно тесто. Првично добивате ронливо тесто, но со самото месење ќе се постигне целта за да е податно тесто за работа. Замотајте во фолија, ствете во фрижидерот да одстои најмалку 2 часа. Потребно е да се добро олади и стегне како би можеле полесно да го сукате и сечете со модлите.
- Оладено тестото поделете го на неколку дела, земете еден дел да го расукате на работна површина која ке мора лесно да ја побрашните, а остатокот вратете го повторно во фрижидерот. Од расуканото тесто со модли вадете ги формите. На половина од исечените форми со помало калапче вадете помали формички со калап на кој во средината си има која форма веднаш да ја исече или едноставно со помала чаша или капаче од помало шише.
- Печете ги во претходно загреана рерна на 180 степени околу 10 мин.
Оладени внимателно извалкајте ги прво само рабовите на колачите.
Со мармалад премачкајте ги колачињата кои не се исечени во средината.
Колачињата кои се со исечена внатрешност поросете ги со шеќер во прав, па тогаш ставете врз премачканото колаче. Така постапете и со останатите Линцери.
Полнењето
- Мармаладот загрејте го на тивок оган. можете да ставите рум или некој сок колку сосема малку да се разреди, па тогаш нанесувајте го на испечените Линцери.
Напомена
- Јас ги полнев со сируп од малина кој го загреав на оган заедно со Желин шеќерот, се згусти, откако се олади премачкував.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани