Лимон коцки со луксузен вкус....

Подготовка
1. Белките започнуваме да ги матиме да побелат, па ги додаваме шеќерите. Матиме додека да станат цврсти како снег.
2. Ги додаваме мелените јаткасти плодови и промешуваме со шпатула до соединување.
3. Смесата ја распоредуваме во тавче кое сме го намрсиле и набрашниле.
4. Печеме во загреана рерна на 180 степени околу 20-тина минути.
6. Со миксер ги матиме шеќерот и жолчките, па ги додаваме сокот од лимон, кората ситно нарендана и брашното, пак миксираме до соединување.
7. На пареа или многу тивок оган ја ставаме смесата со жолчки додека да се згусне, ја ладиме.
8. Путерот го матиме и го соединуваме со изладените жолчки.
9. Бисквитот го сечеме на коцки кои ги спојуваме со фил.

Забелешка
Можете и само со ореви да ги правите, јас имав мешавина на јаткасти плодови, па неа ја искористив. Можете на дното на тавата да наставате сечкани ореви или јаткасти плодови. Можете ако сакате и да не ги спојувате по две коцки од тесто туку само филот да го ставите врз бисквитот. Оставете да се соединат вкусовите во фрижидер и уживајте во прекрасниот вкус!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани