1. Се матат јајцата со шеќер и ванила, пенесто, некои 5 – 7 минути.
2. Се додава сокот од лимон, водата, маслото, па се проматува со миксерот на кратко.
3. Се додава брашното, гризот, пецивото, се мати убаво со миксер па се додаваат и останатите состојки. Се промешува лесно со лажица.
4. Готовата смеса се истура во претходно намастена тава за печење бр. 36, па се пече во загреана рерна на 180 степени, 20 – 25 минути, јас боцкам со чепкалка за да проверам откако кората одозгора ќе порумени.
5. Откако ќе се испече колачот, се покрива со крпа, да се излади малку, се наросува со шеќер во прав по желба, се сече и послужува.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови