Мангото излупете го и исечкајте го на мали парчиња. Лимоните исцедете ги и сокот тргнете го на страна.
Во едно тенџере ставете ја водата и шеќерот и ставете на највисока температура да зовријат. Намалете ја температурата на средна и оставете така на тивко да врие 15 минути.
Додадете ја солта, мангото и сокот од лимон, исклучете ја ринглата и оставете така на топла рингла да отстои 10 минути.
Измиксајте ја смесата со рачен миксер. Исцедете преку ситеста цедилка и ставете го сокот во чисто шише кое убаво ќе го затворите.
Оставете убаво да се излади па служете на следниов начин- во чаша ставете по желба коцки мраз, налејте до половина од чашата од манго-лимон сокот и дополнете со минерална ладна вода. Ставете кришки од лимон и по желба ливчиња од нане.

Прекрасна освежителена лимонада, посебно погодена за топли денови.

Од овие состојки излегува некаде околу 1л. сок, можеби нешто помалку, или доволно за околу 6 чаши напиток.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани