Мојата прва торта за моето прво внуче Петар. Брза лесна и вкусна.

Од литар млеко се зема 200мл млеко и се додава 5 лаж.шеќер со 3 пудинга. Убаво се изедначува смесата и се вари во преостанатото млеко. Се оладува.
На страна се мати маргаринот со шеќерот во прав и се додаваат оладените пудинзи. Се бие да се добие еднолична смеса. Потоа се додава слатката павлака која е претходно изматена.

Се дели смесата на два дела. Во едниот се става искршената ресана, а во другиот искршените бисквити.
Се реди во округло тавче со обрач и стреч фолија.
Прво се реди филот од ресана, па филот од бисквити.
Кога ќе се преврти се става шлаг. Наздравје!
ПС- Баба скромна торта му направи зашто не, изненади и порано дојде Петар.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови