- Во тенџере ставeте ги водата, шеќерот и дренките. Оставете да одстојат 24 часа.
- По измнатото време, ставете ги да се варат околу 20 мн. Нека оладат без да ги бркате. Прецедете ги преку многу густа газа. Во добиената течност доддете го румот и измешајте, соберете во флаша.
Интересен ликер, убав вкус... нормално за љубител на ликерите.
По потполното оладување може веднаш да се служи.
Напомена
- Честопати во некој мармалад или џем и во овој ликер го додавам. Го карамелизирам шеќерот, потоа ставам водата и откако ќе се стопи шеќерот ги ставам дренките. Овојпат поради бојата за која ценев дека ке ја добијам токму оваа што е на фотографијата, го спремав како што напишав. Бојата се должи на тоа што не ги ставив омекнатите дренки, воопшто не ги ниту мешав ниту гмечев... едноставно само преку дупло ставена густа газа го прецедив. Користев бел рум.
Ако ви се допадне откако ќе го пробате.. нареден пат - дупло.
Кој смета дека ќе му е баш сладок ликерот, дозволува рецептот да се намали количината на шеќерот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани