- Доматите излупете ги и изблендирајте
- Морковот изрендајте на крупната страна од рендето. Лукот ситно исецкајте или стиснете преку преса.
- Кромидот насецкајте поситно, а пиперките поедро. Модриот патлиџан сечете на четвртаски парчиња или во кругови - како сакате. Јас ги сечам на четвртини, а потоа на пократки парчиња.
- Во поголем сад во кој ќе ги собере сите состојки ставете го маслото и нека се загрее, додадете ги заедно да се пржат кромидот и морковот. За време на пржењето посолете ги со дел од солта. Нека се пржат колку да омекне - тоа е околу 5 мин. а потоа додадете ги доматот, пиперот и модриот патлиџанот. Додадете сега остатокот од солта и шеќерот. Пржете на немногу јак оган вака заедно околу 30 мин и за цело време пробркувајте да не ви загори, по истекот на ова време додадете го оцетот и лукот, нека се вари уште 10 мин. да се спојат вкусовите.
Тргнете од огнот и така врело соберете во тегли, затворете ги, свртете ги со капачките надолу нека замотани стојат се до нивното потполно оладување.

Напомена
- Ова е оригинал рецепт како што го имам запишано, а си додадвам и мелен бибер бидејки го сакаме вкусот со него- вие како сакате.

 

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани