Превкуснава торта ви е предлог од мене за претстојните Велигденски празници.

Бидејќи тортата е особено вкусна секој момент посветен за да се направи претставува вистинско задоволство. Ние особено ја сакаме и кај нас е често на празничната трпеза.

Подготовка
1. Белките ги матиме со постепено додавање на шеќерот до цврст снег.
2. Жолчките ги матиме посебно, па ги додаваме во белките заедно со просеаното брашно и какао.
3. Во големо тавче на хартија за печење ја истураме цела смеса и ја печеме во загреана рерна.
4. Откако ќе излади го сечеме на три дела. Деловите ги ставаме еден врз друг, па ги отсекуваме краевите за да ни бидат идентични сите три кори.
5. За филот пенасто ги матиме путерот и шеќерот во прав. Го додаваме екстрактот од ванила.
6. Лешниците кратко ги потпекуваме, па ги мелеме.
7. Во мелените бисквитите го ставаме млакото млеко, мешаме до соединување.
8. Во изматениот путер ги ставаме бисквитите и лешниците и соединуваме. Ако филот е редок (зависи од собната температура) го ставаме во фрижидер малку да стегне па потоа ги филуваме корите. Оставаме да се соединат вкусовите, добро е да стои во фрижидер за на крај да ја ставаме глазурата.
9. За глазурата слатката павлака ја загреваме до вриење и потоа ја топиме чоколадата во неа. Промешуваме соединуваме, чекаме некоја минута да не ни биде филот многу топол и го распоредуваме на тортата. Оставаме во фрижидер да се стегне.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани