Месец август, месец на родендени и веселби во нашиот дом.
По повод мојот роденден, решив да подготвам еден вкусен десерт да ги почастам моите најмили.
Ете го рецептот кој ни остави убав впечаток.

Во сад на оган ја ставаме слатката павлака и додаваме бело чоколадо.
Откако ќе се растопи, додаваме претходно подготвен желатин.
Мешаме и тргаме на страна.
Откако ќе стане млако, додаваме и крем сирење.

Кората на која ќе го додадеме кремот, се подготвува на следниот начин:

Во длабок сад, ги ставаме мелените бисквите, какаото, шеќерот и потпечените мелени лешници.
На страна го топиме путерот и го додаваме во смесата па месиме убаво да изедначиме.
Тавчето за тарт го премачкуваме со путер, па врз него ја ставаме смесата и ја расплеснуваме.
Прелеваме со кремот и попрскуваме цели лешници по вкус.
Оставаме во ладилник околу 30мин.
Десертот е готов. Брз и вкусен.

На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови