Пазарите изобилуваат со овој зеленчук, па еве предлог за прекрасно вкусно мезе со чашка ладна ракија.
Прво го подготвуваме доматниот сос. Треба да биде густ.
Доматите ги лупиме, сецкаме на коцки и ги ставаме во една касерола на тивок оган да се варат. Ги поминуваме со стапчест миксер за да добиеме мазна структура. Додаваме сол, бибер, сецкан босилек, магдонос, некое зрно шеќер.
Пред сам крај го додаваме маслиновото масло.
Сега ги додаваме излупените, исцедени, исецкани пиперки. Промешуваме, а по потреба и досолуваме.
Црниот домат го сечеме на кругови, го посолуваме и го оставаме на хартиени салфети неколку минути.
До колку се многу млади нема потреба од оваа постапка, бидејќи не горчат.
Секое кругче го валкаме во брашно, во изматено јајце, па во презла во која сне додале сусам.Ги пржиме на умерен оган од двете старни.
Ги редиме на хартиени салфети.
Сега во еден тајнир го ставаме подготвениот сос од домати во кој има пиперки, по желба додаваме и лук во прав.
Одоколу ги редиме круговите пржен црн домат и редиме потпечено лепче.
Потребно е уште убаво сирење и ете лесен вкусен ручек.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор