Ептен кул рецепт за летно мезенце.
Модриот патлиџан се сече на тенки парчиња.
Компирот се лупи со ножето за лупење, на лентички тенки како лушпа.
Лентичките се завиткуваат како ружички, ќе внимавате убаво да се завиткани, да не се отворат после при печењето. Инаку и тоа да се случи, ништо страшно, пак е вкусно. :)
Се става одозгора сецкан магданос, лукче по желба, сол и се прелева со маслиново масло. И троа сусамче на крај.
Се пече 25-28 мин на 200 степени.
Со бело винце, на здравје мезе.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани