Прекрасно предјадење или лесна вечера.
Прво ги соединуваме сите состојки за палачинки.
Го оставаме тестото да одмори 15 минути и на стандарден начин ги пржиме палачинките.
Ги оставаме да се изладат.
Во киселата павлака ставаме малку бибер, некој зачин по вкус( власец, мелен ким...) го додаваме мајонезот и промешуваме.
На чинија ставаме една палачинка, ја премачкуваме со киселата павлака и рендаме кашкавал.
Врз него ставаме повторно палачинка, ја премачкуваме со киселата павлака, па рендаме шунка.
Повторно палачинка.... и така наизменично, се додека не го потрошиме целиот материјал.
Кога сме ја направиле цела торта, нежно ја притискаме со рацете, да излезат меурчињата воздух до колку ги има и убаво да се залепат деловите.
Со кисела павлака ја премачкуваме цела торта, рендаме кашкавал и ја декорираме по сопствен вкус.
Јас имав 21 палачинка, значи зависи од големината на тавата во која ќе ги пржите.
Ја чуваме во фрижидер 2 часа до служење, па ја сечиме и сервираме

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани