Многу ги сакам овие салати во летните горештини, бидејќи не бараат многу време за подготовка или пак многу садови, а сепак може да бидат и комплетен оброк.

Во касерола налеваме вода, додаваме некое зрно сол и од кога ќе почне да врие ја додаваме тестенината да се вари според упатството на кесата, одприлика 7-8 минути.
Ја процедуваме и ја миеме со ладна вода.
Во еден сад ги соединуваме сецканите зелени маслинки, капарите, магдоносот, босилекот, излупениот, исчистен од семето и на коцки исечен црвен домат.
Во друг сад ги соединуваме сокот од лимета, маслиновото масло, свежо мелениот бибер, солта.
Сега во сад ги соединуваме веќе подготвените тестенини, дресингот, исцедениот и измиен наут и претходно подготвените зеленчуци.
Лесно соединуваме и сервираме во длабок тањир.
Оставаме во фрижидер околу 30 минути, па послужуваме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани