Овој вид на зимница последниве неколку години е омилен во нашиот дом. Лесен и брзо се подготвува, а во зимските денови одлично се наоѓа како сос додаток во друго јадење или пак за мацкање како пинџурче.
Ги чистиме доматите од лушпата. Најлесно е доколку зовриете вода и лесно исечете Х на долниот дел од доматот, го ставите во зовриената вода 3 секунди и потоа веднаш го префрлите во вода со мраз.
Ги сецкате доматите и исчистените пиперки ситно.
Најпрво ги ставаме пиперките да вријат во водата додека омекнат целосно. Потоа го додаваме доматот и вриеме заедно додека водата не подиспари и се соединат состојките.
Од оваа доза излегуваат 5 тегли од 670гр.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови