Кога нема да знаете што да правите со стариот и тврд леб, еве една супер брза и лесна идеја.
Лебот се крши/дроби на мали парченца. Морковот се ренда, една лажица палента се става и ситно сецканите пиперки.
На крај се полеваат јајцата со јогуртот.
Убаво со лажица ќе се промеша малку, колку течната смеса да навлезе во долниот слој. На крај одозгора се ренда сирењето
Се пече 25 минути на 200 степени.

Домот ќе ви замириса на пита, со чаша јогурт ова е супер вечера или појадок.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани