Лесно, брзо, посно и вкусно!
На изглед многу потсетува на меденото срце, но сосема се различни на вкус. Според мене, ова е вистинската работа. Нам премногу ни се допадна, се надевам и вам ќе ви се допадне.
1. Рерната ја вклучуваме на 250 степени, да се загрее.
2. Тава бр. 36 намаслуваме и набрашнуваме.
3. Сите суви состојки за колачот ги мешаме во вангла, со тоа што брашното и какаото ги додаваме последни, просеани.
4. Ги додаваме течните состојки и брзо мешаме да добиеме хомогена чоколадна смеса.
5. Таа смеса ја истураме во набрашнетата тава и печеме 15 мин. на 180 степени.
6. Додека се пече, чоколадото го топиме над пареа заедно со маслото.
7. Печениот колач го оставаме 5 минути да се излади, а потоа го премачкуваме со мармаладот.
8. На крај го глазираме, оставаме малку да се излади и послужуваме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови