Во 50те мл вода растворете го квасецот и шеќерот со прстофат брашно. Брашното ставете го во подлабок сад, додадете го растворениот квасец и постепено мешајќи додавајте ја топлата вода. Се добива лепливо тесто како за пржење питулици. Покријте го и оставете го на топло да се дуплира.

Во меѓувреме измешајте ги состојките за премачкување.

Од нараснатото тесто вадете со намастена лажица и ставајте на тостер или вафлерка. Со мешавината за премачкување мачкајте ги или пред да ги тостирате или пак кога ќе фатат коричка и потоа со четка обилно премачкајте ги од двете страни.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани