За подготовка на бешамелот потребно е да се растопи путерот на ниска температура.
Се додава брашното и се остава да се попржи на тивко околу 5 минути со мешање.
Потоа се полева млекото, се растопуваат сите грутчиња и се зачинува.

Секоја кришка леб се топи во бешамелот и се реди во тава која претходно сме ја обложиле со хартија за печење.

Ја редиме како на сликите прикажани погоре.

Откако ја наредивме ја филуваме со шунка, шери домати или ако немате, ставете обични домати.
Пармезанот го разнесуваме низ цела пица, а потоа полеваме јајце разматено со 5 лажици вода.
Зачинуваме со оригано и ставаме да се пече во загреана рерна.
Печењето не треба да трае подолго од 15 минути, ако е рерната ви пече одлично.
Имате вкусен оброк. На здравје да ви е.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови