Вкусна ледена торта за летните денови со три слоја бисквит, сладолед од капина и шлаг крем.

1. Најпрво во еден сад ставете ги капините додајте 3 лажици шеќер и 100 мл вода. Оставете да врие 15 минути со привремено промешување. Откако ќе се сварат тргнете го садот од оган и оставете го да се олади.

2. Во друг сад на оган ставете го млекото, шеќерот и маргаринот. Мешајте додека маргаринот се растопи. Откако ќе се растопи оставете го да се олади да биде млако со таа смеса закашкајте тесто од бисквитите.

3. Јас се одлучив тортата да ја правам во правоаголен калап, но вие не мора тоа е по желба. Калапот обложете го со најлонска фолија целосно внатре. Најпрво ставете ја смесата од бисквиотот и со рака распоредете ја подеднакво насекаде.

4. Сладоледот изматете го спрема содржината ( кај мене стоше 160 мл ладно млеко и јас ставив 1 лажица шеќер). Откако сладоледот ја доби поребната цврстина додајте ги варените оладени капини но оставете малку од сокот за декорација за на крај. Повторно матете со миксерот да се соединат, па смесата истурете ја во садот со бисквиот, па ставете ја во замрзнувач 1 час малку да се стегне.

5. Шлаг пената исто изматете ја спрема содржината ( кај мене стоеше 150 мл ладно млеко и тука исто ставив една лажица шеќер) па ставете ја на замрзнатиот колач, па накапете со сокот од капините. Калапот повторно вратете го во замрзнувач и оставете 3 часа. Откако ќе изминат 3 часа колачот исечете го на ленти па сервирајте. Добар Апетит.

Забелешка - кога ќе правете тесто од бисквиотот не треба да е многу влажно треба да биде малку порофито затоа не ставајте ја смесата од млекото,шеќерот и маргарионот одеднаш сета.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани