Како што би рекла Лудо, кога знаеш што ти се јаде лесно е да смислиш рецепт.
Со малку експериментирање излезе супер освежителен десерт.

Основа
Хељдата и киноата ставете ги одвечер потопени во вода.
Водата во која се потопени фрлете ја и налејте нова.
Варете ги оделно, околу 15, мах 20 минути.
Оставете ги да оладат убаво па додајте ги исцецканите урми и растопениот путер.
Измешајте убаво.

Во округли калапчиња ставете од смесата и убаво израмнете.
Ставете ги во фрижидер додека го подготвувате кремастиот дел.

Крем сирењето и шеќерот во прав изматете ги со миксер.
Додајте го овошниот јогурт, изматената слатка павлака и растопеното бело чоколадо.
Измешајте убаво со шпатула.

Во сад загрејте 2 лажици слатка павлака и додајте го во неа желатинот(претходно омекнат во ладна вода).
Откако ќе се растопи додајте го во претходно изматената смеса.
Промешајте да се соедини желатинот.

Чоколадни дискови

Растопете го чоколадото на пареа и истурете го врз хартија за печење.
Откако малку ќе се потстегне со округол калап извадете дискови.

Калапчињата извадете ги од фрижидер и страните обложете ги со парчиња јагоди.
Нанесете од кремастата смеса, ставете 1 чоколаден диск, пак од кремастата смеса,чоколаден диск и пак малку крема.

Ставете ги калапчињата да отстојат во фрижидер неколку часа.

Желе од јагоди
Исецкајте ги јагодите на парчиња, додајте го шеќерот и откако ќе зоврие оставете на тивок оган 5 минути.
Потоа додајте го желатинот претходно потопен и омекнат во ладна вода..
Промешајте и со рачен блендер изблендирајте.
Од желето ставете во калапчињата.

Ставете во замрзнуач 20-тина минути да се стегне желето.

Пред служење оставете ги малку на собна температура.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани