За темата десерти со праска ќе ви предложам уште еден многу убав и лесен, воедно и освежителен рецепт.

Можете да го конзумирате и без да постои во ладилник,иако вистинскиот вкус треба да е леден.

Во сад на тивок оган се разматува млекото, шеќерот и гризот.
Се меша додека не добиеме густа смеса, како пудинг.
На страна во нутрибулетот се блендираат праските.
Се ставаат во сад на оган и им се додава сокот од лимон и шеќерот.
На тивко крчкаат околу 5минутки , па се додава густинот разматен со 25 мл вода и благо се промешува да се добие убава хомогена смеса.

Се земаат чашите вокои ќе се сервира десертот и се полнат наизменично, дел од белиот , дел од овошниот фил.

Еве ја постапката за подготовка на декорот.

Праската ја сечкаме на ситни коцки и ја оставаме 2 минутки во сок од лимон. Потоа ја цедиме и декорираме врз секоја чаша.
Вака подготвен десертот го редиме во ладилник.

Ние се засладивме,останува на вас да го пробате.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови