Откако еднаш ќе ги пробате, постојано ќе ги правите. Овие вкусни ледени коцки се прават брзо и едноставно, а ќе имате многу колачиња од кои ќе се насладите.

1. Загрејте ја рерната на 180 степени. За тоа време подгответе го тестото.
2. Во еден сад измешајте ги сувите состојки.
3. Во друг сад изматете ги рачно јајцата, додадете масло и јогурт, убаво изматете со маталка и со оваа смеса прелијте врз сувите состојки. Сето тоа убаво измешајте го.
4. Подгответе топло кафе. Може ако сакате турско или филтер, но јас дома користам инстант и затоа го ставив овој тип на кафе.
Промешајте ја повторно смесата. Ќе добиете течна смеса како за американски палачинки. Таква и треба да биде, не сте погрешиле.
5. Смесата разлејте ја во правоаголен сад за печење, одоздола подмачкан со малце масло.
6. Се пече на 180 степени, околу 15 мин. Проверете со чепкалка дали е печено.
7. Додека се пече тестото, се подготвува филот. Млекото се затоплува до вриење.
8. Од млекото одвојте доволно количина за да се размати и раствори убаво брашното. Во млекото ставете го и шеќерот за да се растопи.
9. Пополека додадете го раствореното брашно во млекото и мешајќи оставете да се згусне смесата.
10. Оставете да се олади убаво смесата и тестото.
11. Во филот додадете изматен маргарин и екстракт од ментол.
12. Филот распределете го низ тестото и убаво израмнете.
13. На крај, стопете го чоколадото со млекото, маслото и правот за шлаг и мешајте убаво да се соедини. Прелијте врз ментол филот.
14. Оставете убаво да се излади и исечете на коцки, со големина по ваш избор.

- Наместо брашно, може да користите густин 10 лажици и ќе добиете густ крем.
- Ако сакате, наместо ментол може да ставите лимон или ванила, само така ќе добиете сосема друг колач, наместо ледени коцки.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови