Брз, вкусен и најважно освежителен десерт за убавите летни денови.
1. Во Нутрибулет се ставаат смрзнатите овошја и водата. Овошјата треба да бидат заледени, но не сосема тврди. Вода се додава според тоа колку сакате да ви биде густо сорбето. Мене ми беше доволно 200 мл.
2. Се блендира со повремени прекини додека да добиете густо сорбе, како овошна ледена каша.
3. Киселата павлака убаво се мати со шеќерите.
4. Во друг сад на страна се мати и слатката павлака со шеќерите, па откако ќе се хомогенизира, се додаваат и трите лажици сорбе.
5. Бисквитите се натопуваат во избраниот газиран сок или вода, па се редат во калап бр. 26. да се покрие дното.
6. Врз нив се истура кремот со слатка павлака, па кремот со кисела павлака, се премачкуваат убаво, и најгоре се истура сорбето од вишни и аронија.
7. Се става во замрзнувач да се стегне преку ноќ, а потоа се сече и се послужува.
Се надевам дека ќе ви се допадне и вам, ние уживавме! Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови