Една преубава рецепта која стоеше на паковката на лиснатото тесто.

Таму пушуваше дека рецептата е завршена кога ќе се испече лиснатото тесто,па се попрскува со шеќер во прав. Но јас малку го изменив рецептот, па добив совршен овошен колач.

1. Јагодите измијте ги под млаз вода и отстранете им ги рачките.
2. Лиснатото тесто одвиткајте го и пресечете го на 4 ленти.
3. Во два сада раделете ги мармаладиите.
4. Во едниот ставете го мармаладот мешавина со ванилата.
5. Во другиот мармалад со шумското овошје, додајте му ситни парченца чоколада,100 гр афион,1 лажица рум и пола лажица цимет.
6. Тавата во која ќе го редите лиснатото премачкајте ја со путер.
7. Редете еден ред лиснато, па ставете од мешаниот фил.
8. Премачкајте убаво, додадете следна кора лиснато тесто.
9. Ставете од мармаладот со ванила, па повторно ставете кора од лиснато тесто.
10. Сега премачкајте го последниот фил од мешан мармалад, папоклопете со последната кора лиснато тесто.
11. Премачкуваме со разматено јајце и ставаме да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени.
12. Печеме околу 20минути, со намалена температура.
13. Откако е готово, ја вадиме тавата од рерна и оставаме да излади.
14. Јагодите ги редиме во тавчето врз лиснатото тесто и ги прелеваме со подготвениот тортенгуст.
15. Оставаме веднаш во фрижидер да се убаво стегне.
16. Сечеме додека е ладно и служиме.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови