Рецептот ми е од една хроно страна, така да претпоставувам дека можеби би била од корист и на оние кои се водат по таа исхрана. Не знам, јас се уште само го пратам и не сум баш компетентна да кажам точно. Како и да е, идејата да се проба секако за мене, а и за многу други е прифатлива чинам.

Разматете го јајцето убаво со вилушка или помала жица. Додајте ги течностите, па пецивото и брашното.

Овде за брашно се подрзабира ситно, прашкасто сомелени семки наведени во составот или пак наместо тоа можи да се употреби интегрално спелтино брашно, такво јачменово или `ржано. Секако, ако ви е експериментално можи со било кое брашно.
Јас имав грубо мелени семки од сите 4 вида, па решив да измешам пола од нив и пола ставив `ржано брашно. Испадна успешно.

Една шолја се премачкува со маст, путер или маслиново масло и смесата се истура во неа, па се става во микробранова да се печи на највисока температура 4 минути.

Лебот од шолјата потоа лесно се вади.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови