Вкусен лахмаџун во малку поинаква изведба.

Подготовка
1. Состојки за филот исецкајте ги многу ситно и додадете ги кон меленото месо. Додадете ги зачините убаво измешајте (најубаво со рака) и оставете го филот да одстои половина час.
2. Изматете ги јајцата со вилушка, додадете павлака, масло и сол и убаво измешајте. Оваа смеса ќе ви служи за премачкување на корите.
3. Тавата во која ќе ги редите корите премачкајте ја со масло. Редете ги корите една врз друга и секоја освен последната со четкичка премачкајте ја со смесата со павлака.
4. На последната кора убаво размачкајте го филот од мелено месо и така ставете ја тавата во рерна да се пече на 180Ц околу 35-45 мин (значи се пече без да се витка во ролат).
5. Откако е убаво печено оставете го да се олади 10-15 мин.
6. По вкус посипете со павлака, лимонов сок, сецкана зелена салата, сецкан домат.
7. Потоа завиткајте ги корите во ролат, сечете на парчиња и послужете.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани