Овој е стар рецепт за лазањи кој го подготвувавме во кругот на комшилукот уште пред најмалку две децении. Уживавме со сласт и тогаш со намирниците кои ги дозволуваше тоа време, а вкусот и денес не е помалку воопшто со сега достапноста на интернетот како и набавката на пофини производи во купопродажбата. Денес не секој прави обилна зимница како порано, но ете еден начин како можи дел од неа да се употреби за едно увезено јадење, или тоа, сега во моментот додека го пишувам рецептот ми се наметнува како лазања на македонски начин :))

Ситно сечканиот кромид и ренданиот морков се запржуваат на неколку лажици масло, па се додава меленото месо и се пржи додека испари течноста од него.

На прженото месо се додава доматата и кечапот. Кечапот спрема рецептот е количина по желба, па можи да се додаде и повеќе од наведеното. Се остава да пржи на умерена температура додека сосот убаво се поврзи со месото и стани кремаст.

Потоа се додава 300 гр рендан кашкавал, се промешува да се спои убаво, се трга од ринглата и се додава киселата павлака.. Се посолува и зачинува.

Лазањите се подваруваат во зовриена послолена вода со 1 лажица масло, само колу да омекнат, но не и да се распаѓаат.

Во намастена тава за печење се редат ред лазањи, ред фил се додека не се потрошат намирниците. Одозгора се ренда кашкавал.
Се печат во загреана рерна од 200С околу половина час, зависно од рерната.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани