Кога го видов овој рецепт на Џејми Оливер за лазањи, не можев да одолеам, а да не ги направам. Прекрасни на вкус, со одлично вклопени зачини.

1. За сосот болоњезе, исецкајте го ситно кромидот, лукот, целерот и морковот и нека ви бидат исецкани и печурките. Босилокот и мајчината душица исто така да се исецкаат на ситно, а сланината на коцки.
2. Во тава со маслиново масло, се запржува кромидот и лукот, а потоа се додава и морковот. Сето заедно се пржи додека да омеке. Се додаваат печурките. Се оставаат убаво да се издинстаат. Потоа се додава и сланината. Сето заедно се спојува.
3. Се додава и меленото месо да се спои заедно со печурките и останатите состојки.
4. Кон месото и печурките со додаваат блендираните домати. Се готви сето тоа заедно околу 10тина мин, односно додека да испари водата од доматите, но не целосно, да остане како убав болоњезе сос.
5. На крај се трга од оган и се додаваат зачините, мајчина душица и босилок и само се промешува, без да се говат.
6. За белиот сос, односно бешамел
Во тава се става путерот да се растопи. Во него се запршува лукчето, ситно сецкано. Потоа се додава брашното и се запржува, додека да добие боја на карамела. Тогаш се додава млекото и се остава да зоврие, но мора постојано да се меша, да не се згрутчи брашното.
7. Откако ќе се згусне сосот, се трга од оган.
8. Во сосот се додава црниот бибер, морското оревче и ситно сецканиот магдонос.

Редење на лазањата

Јас во последно време, коите за лазањи не го обарувам предходно, туку ги ставам суви, а потоа додавам зовиена вода и така се печат лазањите. Вие ако сакате, можете предходно да ги обарите. За поубав вкус, користете домашки јуфки.

Во правоаголна длабока тава, наредете еден слој кори за лазањи.
Врз нив ставете бешамел сос. Распоредете го како тенок премаз врз коите.
Потоа следи слој од болоњезе сосот.
Повторно истата постапка, кори, бешамел, болоњезе.

Јас обично ги правам во 4 слоја, со тоа што секогаш на крај се завруша со слојот од јуфки, прелеани со бешамел сос.
Врз него обавзно ставам црн бибер и се печат на 200 степени, околу 30 мин.
Кога се ставаат за печење, се додава и 500 мл зовриена вода, односно да има вода до предпослениот слој од јуфки.
Кога ќе заруменат, се посипуваат со слој од рендан ајдамер и се враќаат уште 5 мин во рерна.
При послужување се посипуваат со рендан пармезан, за поубав вкус.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови